Стефано Манкузо: Потеклото на интелигенцијата кај растенијата

TEDGlobal 2010

Стефано Манкузо: Потеклото на интелигенцијата кај растенијата

1,200,458 views

Readability: 3.6


Растенијата се однесуваат на еден необично интелигентен начин: се борат со предатори, ги зголемуваат до максимум можностите за исхрана... Но дали би можеле за нив да мислиме дека всушност имаат еден вид на интелигенција својствена за нив? Италијанскиот ботаничар Стефано Манкузо презентира интересен податок.

Тим Џексон: Економска проверка на реалноста

TEDGlobal 2010

Тим Џексон: Економска проверка на реалноста

971,509 views

Readability: 4.6


Како што светот се соочува со рецесија, климатски промени, нееднаквост и т.н., Тим Џексон им поставува остар предизвик на постојните економски принципи, објаснувајки како би можеле да престанеме да ја потхрануваме кризата и да започнеме да инвестираме во нашата иднина.

Фабиан Хемерт: Менување на формата - можна иднина на мобилните телефони

TEDxBerlin

Фабиан Хемерт: Менување на формата - можна иднина на мобилните телефони

899,377 views

Readability: 2.9


На TEDxBerlin Фабиан Хемерт прикажува една можна иднина на мобилните телефони -- променлива форма и променлива тежина на уредот кој "прикажува" информации без да мора да се гледа во него, нудејќи пријатно интуитивен начин на комуникација.

Кристиен Меиндертсма: Како свинските делови го вртат светот

TEDGlobal 2010

Кристиен Меиндертсма: Како свинските делови го вртат светот

1,196,611 views

Readability: 3.6


Авторката на „Свиња 05049“ Кристиен Меиндертсма го разгледува чудесниот животен пат на обичната свиња чии телесни делови завршуваат во најмалку 185 не свински производи, од куршуми до вештачки срца.

Дерек Сиверс: Чувајте ги своите цели за себе

TEDGlobal 2010

Дерек Сиверс: Чувајте ги своите цели за себе

5,439,573 views

Readability: 3.4


Прво нешто, кога ќе дојдеме на идеја за нов извонреден животен план, е да го раскажеме тој план некому. Но, Дерек Сиверс вели дека е подобро да ги чувате своите цели во тајност. Тој презентира истражувања кои датираат и од 1920тите да покаже како луѓето кои зборуваат за своите амбиции имаат помали шанси да ги постигнат.

Ден Кобли: Што ме научи физиката во врска со маркетингот

TEDGlobal 2010

Ден Кобли: Што ме научи физиката во врска со маркетингот

1,456,301 views

Readability: 4.5


Физиката и маркетингот навидум немаат нешто многу заедничко, но Ден Кобли се интересира за обете. Тој ги поврзува при тоа користејќи ги вториот Њутнов закон, Хајзенберговиот принцип на неодреденост, научниот метод и вториот закон за термодинамика со цел да ја објасни фундаменталната теорија на брендирањето.

Дејвид Мекендлс: Убавината на визуелизацијата на податоците

TEDGlobal 2010

Дејвид Мекендлс: Убавината на визуелизацијата на податоците

2,834,435 views

Readability: 4.3


Дејвид Мекендлс претвора комплексни податочни множества, како светските трошоци за војска, баз низ медиумите, статуси од Фејсбук и многу други во прекрасни а воедно и едноставни дијаграми. Тој го предложува дизајнирањето на информации како алатка која би ја користеле за навигација низ денешната презаситеност од информации наоѓајќи единствени шеми и врски кои може да ги изменат начинот на кој гледаме на светот.

Сет Прибач : Играчката обвивка на светот

TEDxBoston 2010

Сет Прибач : Играчката обвивка на светот

837,748 views

Readability: 3.3


До сега , се навикнавме да му дозволуваме на Фејсбук и на Твитер да ги прибираат нашите социјални животи во интернет мрежата -- градејќи „социјална обвивка“ врз реалниот свет. На ТEДхБостон, Сет Прибач ја разгледува следната обвивка во овој прогрес: „играчкиот слој“, сеопфатна мрежа на управувачко-однесување преку динамики на игри кои ќе ги обликуваат едукацијата и економијата.

Маз Џобрани: Сте го чуле вицот за Ираноамериканецот?

TEDGlobal 2010

Маз Џобрани: Сте го чуле вицот за Ираноамериканецот?

5,215,750 views

Readability: 3.4


Еден од основачите на комедијантската дружина „Оска на злото“, „стендап“ комичарот Маз Џобрани импровизира за проблемите и конфликтните ситуации со кои се носи Ираноамериканецот - „знаеш, од една страна, сметам дека треба да имам нуклеарна програма; а од друга страна, не треба да ми се верува...“ Преводот го изработија студентите од трета година на Катедрата за англиски јазик и книжевност при ФЛФ „Блаже Конески“ - Скопје, во декември 2010 г.

Шина Ијенгар: Уметноста на правењето избори

TEDGlobal 2010

Шина Ијенгар: Уметноста на правењето избори

3,321,242 views

Readability: 4


Шина Ијенгар проучува како правиме избори - и како се чувствуваме за направените избори. На ТЕДГлобал, таа зборува и за едноставните избори (Кока Кола наспроти Пепси) и за некои посложени, и го споделува нејзиното истражување кое открило некои изненадувачки ставови за нашите одлуки.

Тан Ле: Уред кој ги чита твоите мозочни бранови

TEDGlobal 2010

Тан Ле: Уред кој ги чита твоите мозочни бранови

2,556,628 views

Readability: 5


Новиот неверојатен компјутерски интерфејс на Тан Ле ги чита мозочните бранови на корисникот, со што овозможува да се управуваат виртуелни објекти, па дури и електронски уреди, само со помош на мислите (и малку концентрација). Таа го демонстрира уредот и зборува за неговата далекусежна примена.

Џулијан Асанж: Зошто на светот му е потребен WikiLeaks

TEDGlobal 2010

Џулијан Асанж: Зошто на светот му е потребен WikiLeaks

2,350,136 views

Readability: 4.4


Контроверзната интернет страница WikiLeaks собира и објавува високо доверливи документи и видеа. Основачот Џулијан Асанж, кој според извештаите е баран за распит од американските власти зборува со Крис Андерсон од TED за тоа како страницата работи, што е досега постигнато и што е она што го поттикнува да работи. Интервјуто вклучува графички приказ од скорашен американски воздушен напад во Багдад.

Итан Зукерман: Слушање на глобалните гласови

TEDGlobal 2010

Итан Зукерман: Слушање на глобалните гласови

744,903 views

Readability: 4.3


Секако, вебот го поврзува светот, но изгледа дека повеќето од нас се информираме од луѓе кои ни се нам слични. Блогерот и истражувач на технологијата Итан Зукерман сака да помогне во споделувањето приказни од целиот свет. Тој зборува за умни стратегии за отворање на вашиот твитерски свет и читање вести на јазици што не ги знаете.

Ханс Розлинг зборува за растот на светското население

TED@Cannes

Ханс Розлинг зборува за растот на светското население

3,295,342 views

Readability: 3.9


Во следните 50 години, бројот на светското население ќе порасне до 9 милијарди. Понатамошниот раст ќе може да се спречи само преку подобрување на животниот стандард на најсиромашниот дел од светската популација. Ова е парадоксалниот одговор, кој Ханс Розлинг го презентираше на TED@Cannes, со помош на нов шарен начин за презентирање податоци. (Ќе видите за што се работи).

Картер Емарт демонстрира 3D атлас на вселената

TED2010

Картер Емарт демонстрира 3D атлас на вселената

1,792,515 views

Readability: 4.6


Во изминативе 12 години, Картер Емарт ги координира трудовите на научниците, уметниците и програмерите за да изгради комплетна 3D визуелизација на познатата вселена. Тој ни го демонстрира оваа прекрасно патување и објаснува како тоа го споделува со други организации низ светот.

Хилел Куперман: Lego коцки за возрасни

TED2010

Хилел Куперман: Lego коцки за возрасни

1,063,331 views

Readability: 3.4


Лего коцки: играчка за вредните деца, опсесија и за многу (кхм!) зрели луѓе. Хилел Куперман нè носи на патување низ саканите шарени коцки, понекогаш шантава субкултура на возрасните, во која се вклучени CAD, роботиката и малку возрасно однесување.

Адити Шанкардас: Второ мислење за пореметувањата во учењето

TEDIndia 2009

Адити Шанкардас: Второ мислење за пореметувањата во учењето

989,741 views

Readability: 5.5


Развојните пореметувања кај децата се дијагностицираат со набљудување на однесувањето, но Адити Шанкардас знае дека треба да погледнеме директно во нивниот мозок. Таа објаснува како извонредниот ЕЕГ во нејзината лабораторија открил погрешни дијагнози и го променил животот на некои деца.

Долови ја убавината со помош на дизајн

TED2010

Долови ја убавината со помош на дизајн

656,571 views

Readability: 3.8


Во светот на графичкиот дизајн, вели Мериен Бантјес, обидот да ја пресликаш својата индивидуалност во еден проект се смета за ерес. Таа објаснува како ја има изградено својата кариера правејќи го токму тоа, доближувајќи ги своите специфични илустрации до уличните излози, љубовните картички, па дури и до генетските дијаграми.

Камерон Херолд: Ајде да ги одгледуваме децата да бидат претприемачи

TEDxEdmonton

Камерон Херолд: Ајде да ги одгледуваме децата да бидат претприемачи

1,695,302 views

Readability: 3


Здодевно му е во училиште, бега од часовите, не се согласува со другарчињата: Ова дете може да биде претприемач, вели Камерон Херолд. На конференцијата TEDxEdmonton, тој зборува за родителство и образование кое им помага на идните претприемачи да процветаат - како деца и како возрасни.

Мајкл Шермер: Шемата која е во позадина на себе-измамата

TED2010

Мајкл Шермер: Шемата која е во позадина на себе-измамата

2,629,378 views

Readability: 4.3


Мајкл Шермер вели дека човековата тенденција да верува во необични нешта -- од грабнување од страна на вонземјани до примена на рашла -- се сведува на две најосновни, прилично необични вештини за преживување вградени во мозокот. Тој објаснува какви се тие и како истите не вовлекуваат во незгода.

Дејвид Брн: Како архитектурата и помогна на музиката да еволуира

TED2010

Дејвид Брн: Како архитектурата и помогна на музиката да еволуира

1,331,839 views

Readability: 3.8


Со развитокот на кариерата Дејвид Брн преку настапување во CBGB стигна до Карнеги Хол. Тој го поставува прашањето: Дали местото ја чини музиката? Од тапани под отворено небо до оперите на Вагнер и арена рок, истражува како контекстот ја турка музичката иновација.

Кристофер „мут“ Пул: зошто да се биде анонимен на интернет

TED2010

Кристофер „мут“ Пул: зошто да се биде анонимен на интернет

1,499,656 views

Readability: 3.7


Основачот на 4chan - контроверзен, нецензориран онлајн форум - ја опишува неговата субкултура, дел од интернет „меме“-ата кои ги има создадено, како и инцидентот при кој корисниците на 4chan успеале да изведат доста јавен и прецизен хак на интернет страницата на еден мејнстрим медиум. Разговорот го покренува прашањето за моќта - и цената - на анонимност.

Џоана Блејкли (Johanna Blakley): Поуки од слободарската култура на модата

TEDxUSC

Џоана Блејкли (Johanna Blakley): Поуки од слободарската култура на модата

1,082,081 views

Readability: 4.2


Законот за авторски права кој се задржува на филмот, музиката и софтверот, одвај ја допира модната индустрија... и модата има придобивки и од иновацијата и продажбата, вели Џоана Блекли. На TEDxUSC 2010, таа зборува за она што креативните индустрии можат да го научат од модната индустрија.

Сер Кен Робинсон: Нека отпочне револуција во учењето!

TED2010

Сер Кен Робинсон: Нека отпочне револуција во учењето!

8,260,580 views

Readability: 3.4


Во ова потресно, забавно продолжение на неговиот легендарен говор од 2006, Сер Кен Робинсон излага аргументи за радикална замена на стандардизираните училишта со персонализирано учење - создавајќи услови во кои природните детски таленти можат да цутат.

Греам Хил: Зошто сум делнички вегетаријанец

TED2010

Греам Хил: Зошто сум делнички вегетаријанец

2,369,709 views

Readability: 4


Сите знаеме за аргументите дека да се биде вегетаријанец е добро и за животните и за животната средина, но во месојадната култура може да е тешко да се направи промена. Греам Хил има моќна прагматична сугестија...

Вилијам Ли: Дали може да го изгладниме ракот?

TED2010

Вилијам Ли: Дали може да го изгладниме ракот?

4,521,489 views

Readability: 5.2


Вилијам Ли презентира нов начин на размислување околу третманот на рак: ангиогенеза, која е насочена кон крвните садови кои го хранат ракот. Круцијалниот (најдобриот) чекор: да се бориме против ракот преку исхраната која го победува ракот на негов терен.

Џулија Свини го има „говорот“

TED2010

Џулија Свини го има „говорот“

3,533,087 views

Readability: 2.6


И покрај нејзините најдобри напори, комедијантот Џулија Свини, сепак, е принудена да каже мала бела лага, кога нејзината 8-годишна ќеркичка почнува да учи за репродукцијата кај жабите и почнува да поставува некои многу умни прашања.

Николас Кристијакис: Скриеното влијание на социјалните мрежи

TED2010

Николас Кристијакис: Скриеното влијание на социјалните мрежи

1,466,462 views

Readability: 4.3


Сите ние сме вгнездени во огромни социјални мрежи од пријатели, роднини, колеги и останати лица. Николас Кристијакис ни открива како најразличните замки - од среќа до прекумерна здебеленост - можат да се пренесуваат од човек на човек, покажувајќи ни како нашата позиција во мрежата може да му влијае на нашиот живот на начини за кои не сме ни свесни.

Симон Синек: Како големите лидери нè инспирираат да дејствуваме

TEDxPuget Sound

Симон Синек: Како големите лидери нè инспирираат да дејствуваме

41,449,148 views

Readability: 3.5


Симон Синек има едноставен, но моќен модел за инспиративното лидерство кој започнува со еден златен круг и со прашањето "Зошто?" Во неговите примери се вклучени Епл, Мартин Лутер Кинг и браќата Рајт -- и како противтеза Тиво, на кој (се до неодамнешната победа на суд која за трипати му ги зголеми акциите) се чинеше дека не му оди како што треба.