Лаги, големи лаги и статистика (во врска со ТЕД излагањата)

TED2010

Лаги, големи лаги и статистика (во врска со ТЕД излагањата)

2,321,766 views

Readability: 4.2


Во брилијантната анализа, Себајстијан Верник ги вклучува статистичките алатки врз ТЕД излагањата, за да дојде до метрика за креирање на „оптималниот ТЕД говор“ според рејтингот од ТЕД косрисниците. Како ќе го оцените? “Ви паѓа вилицата?“, „Неубедливо?“ или едноставно „Смешно?“

Џејмс Ренди прави оштар напад врз гатачките измами

TED2007

Џејмс Ренди прави оштар напад врз гатачките измами

3,238,385 views

Readability: 3.2


Легендарниот скептик Џејмс Ренди на сцена зема фатална доза хомеопатски таблети за спиење, и почнува 18 минутно обвинение против ирационалните верувања. Тој ги предизвикува светските гатачи на еден натпревар: Ако докажете дека тоа што го правите е вистинито, јас ќе ви дадам милион долари. (Сеуште никој не ја зел наградата.)

Кетрин Мор гради еколошки

TED2010

Кетрин Мор гради еколошки

808,214 views

Readability: 3.7


Во краткиот, забавен и полн со податоци говор на TED U, Кетрин Мор нè води низ сите невообичаени одлуки кои ги донела при изградбата на нова еколошка куќа - земајќи ги предвид вистинските податоци за потрошувачка на енергија, а не само од мода. Кои избори се најбитни? Не оние на кои прво помислувате.

Мајкл Спектер: Опасноста од негирањето на науката

TED2010

Мајкл Спектер: Опасноста од негирањето на науката

1,903,495 views

Readability: 3


Tврдењата за поврзаност помеѓу вакцината и аутизмот, забраната за „Франкенштајн" храната, непромисленоста за билните лекови: сите тие говорат за сè поголемиот страв (и, честопати, за непосредното негирање) на јавноста од науката и разумот, вели Мајкл Спектер. Тој предупредува дека овој тренд би довел до разорување на човековиот напредок.

Елизабет Писани: Секс, дрога и ХИВ - ајде да се вразумиме

TED2010

Елизабет Писани: Секс, дрога и ХИВ - ајде да се вразумиме

1,319,465 views

Readability: 4


Наоружана со освежувачка логика, остроумност и нејзините очила на „сезнајко од јавното здравство“, Елизабет Писани ни ги открива многубројните недоследности во денешните политички системи кои оневозможуваат нашите пари да се користат за ефективна борба против ширењето на ХИВ. Нејзиното истражување на ризичните популации - од наркомани во затвор до сексуални работници на улиците во Камбоџа - ни покажува не толку интиутивни мерки, кои би можеле да го забават ширењето на оваа уништувачка болест.

Адора Свитак: Што можат возрасните да научат од децата

TED2010

Адора Свитак: Што можат возрасните да научат од децата

5,232,446 views

Readability: 4


Вундеркиндот Адора Свитак тврди дека на светот му е потребно "детинесто" размислување: смели ставови, бујна креативност и особено оптимизам. Големите соништа на децата заслужуваат високи очекувања, вели таа, почнувајќи од волјата на возрасните да учат од децата онолку колку што тие нив ги учат.

Ерик Мид: Магијата на плацебото

TEDMED 2009

Ерик Мид: Магијата на плацебото

1,084,335 views

Readability: 2.5


Шеќерни таблети, инјекции на ништо -- истражувањата покажуваат дека, почесто отколку што би очекувале, плацебото навистина работи. На TEDMED, магионичарот Ерик Мид покажув трик, кој дури и кога знаете дека нешто не е вистина, може да реагирате исто толку силно како и да е. (Предупредување: Овој говор не е пригоден за гледачи кои се вознемируваат од игли или крв.)

Ден Барбер: Како се вљубив во риба

TED2010

Ден Барбер: Како се вљубив во риба

2,102,276 views

Readability: 3.6


Готвачот Ден Барбер ја разглобува дилемата која ги соочува многу готвачи денес: Како да ја задржат рибата на нивните менија. Со беспрекорно истражување и објективен хумор, тој хронолошки ја преставува неговата потрага по одржлива риба која ќе ја сака, и гурманскиот меден месец во кој ужива откога ја открил безобразно вкусната риба израсната со револуцинерен метод за одгледување во Шпанија.

Гери Флејк (Gary Flake): дали Пивот е пресвртница во истражувањето на Интернет?

TED2010

Гери Флејк (Gary Flake): дали Пивот е пресвртница во истражувањето на Интернет?

685,669 views

Readability: 3.8


Гери Флејк го презентира Пивот - нов начин на прелистување и подредување огромни количини слики и податоци на Интернет. Изграден е врз основа на напредната технологија Сидрагон (Seadragon = морски змеј), и овозможува спектакуларно зумирање и одзумирање на бази на податоци и откривање шеми и врски кои се невидливи за стандардното прелистување веб страни.

Темпл Грандин (Temple Grandin): На светот му требаат различни видови на умови

TED2010

Темпл Грандин (Temple Grandin): На светот му требаат различни видови на умови

4,927,328 views

Readability: 3.4


Темпл Грандин, дијагностицирана со аутизам како дете, говори за тоа како работи нејзиниот ум -- споделувајќи ја нејзината способност да „размислува во слики“, што и помага да решава проблеми кои оние со типични мозоци може да ги испуштат. Таа поентира дека на светот му требаат луѓе од аутстичкиот спектар: визуелни мислители, мислители во шаблони, вербални мислители и секакви типови на паметни *гиковски* деца.

Еими Малинс: Недостатокот како прилика

TEDMED 2009

Еими Малинс: Недостатокот како прилика

2,207,884 views

Readability: 4.5


Речникот на синоними може да го истовети „онеспособен“ со синоними како „бескорисен“ и „сакат“, но иновативната атлетичарка Aimee Mullins има намера да го редефинира тој збор. Пркосејќи му на ваквиот пристап, таа покажува како недостатокот - во нејзиниот случај, раѓајќи се без потколеница - всушност ја отвара вратата на човечкиот потенцијал.

"TED Prize" желбата на Џејми Оливер (Jamie Oliver): да го научи секое дете за храната

TED2010

"TED Prize" желбата на Џејми Оливер (Jamie Oliver): да го научи секое дете за храната

8,468,672 views

Readability: 3.2


Делејќи ги своите силни приказни од проекти против дебелината од Хантингтон, Западна Вирџинија, добитник на TED Prize (награда ТЕД) Џејми Оливер ги објаснува причините за потполн напад врз нашето незнаење за храната

Џејн Чен: Топла прегратка што спасува животи

TEDIndia 2009

Џејн Чен: Топла прегратка што спасува животи

779,599 views

Readability: 4


Во земјите во развој пристапот до инкубатори е ограничен од цена и далечина и милиони недоносени бебиња умираат секоја година. Џејн Чен ни покажува пронајдок кој може да згрее милиони од овие бебиња - дизајн кој е сигурен, пренослив ефтин и спасува животи.

Ева Енслер: Гушнете го девојчето во вас

TEDIndia 2009

Ева Енслер: Гушнете го девојчето во вас

1,313,718 views

Readability: 3.4


Во овој страстен говор, Ева Енслер тврди дека во сите нас постои клетка на девојка -- клетка која сите ние сме учени како да ја поттиснеме. Таа раскажува искрени приказни за девојките во светот кои успеале да ги надминат неволјите и насилството и да ја откријат неверојатната сила да се биде девојка.

Бил Давенхол: Вашето здравје зависи од местото на живеење

TEDMED 2009

Бил Давенхол: Вашето здравје зависи од местото на живеење

833,524 views

Readability: 3.2


Каде живеете - тоа влијае на вашето здравје исто колку и исхраната и гените, но не е дел од вашиот здравствен картон. На TEDMED, Бил Давенхол покажува како занемарените гео-локациски податоци (од бројноста на срцевите удари до информации за токсични депонии) може да се искористат од мобилните GPS апликации и да им помогнат на лекарите. Наречете го тоа „гео-медицина“.

Ентони Атала за растење на нови органи

TEDMED 2009

Ентони Атала за растење на нови органи

1,782,259 views

Readability: 4


Врвната лабораторија на Ентони Антала одгледува човечки органи - мускули, крвни садови, мочни меури и многу повеќе. На TEDMED, тој прикажува снимка од неговите биоинженери кои работат со направи блиски до научна фантастика, како на пример биореактор сличен на рерна (загревање на 98.6 C) и машина која може да "печати" човечко ткиво.

Дејвид Блеин: Како успеав да го задржам здивот 17 минути

TEDMED 2009

Дејвид Блеин: Како успеав да го задржам здивот 17 минути

18,809,054 views

Readability: 3.2


Во овој личен говор, магионичарот и каскадерот Дејвид Блеин опишува што сè му било потребно за да успее да не дише под вода цели 17 минути - светски рекорд (само една минута помалку од неговиот говор!) - и колку му значи неговата работа честопати опасна по неговиот живот. Предупредување: НЕ го пробувајте ова дома.

Лалитеш Катрагада: Изработка на мапи за борба против катастрофи и градење економија

TEDIndia 2009

Лалитеш Катрагада: Изработка на мапи за борба против катастрофи и градење економија

375,138 views

Readability: 4.5


На почетокот на 2005 година, само 15 % од светот имаше мапи. Ова го отежнува доставувањето на помош после природни катастрофи - и го прикрива економскиот потенцијал на неискористена земја и непознати патишта. Во овој краток говор, Лалитеш Катрагада од Гугл, го прикажува Map Maker, групна алатка за изработка на мапи која луѓето од целата земјина топка ја користат за изработка на мапи на светот.

Киран Бир Сети ги учи децата да преземат одговорност

TEDIndia 2009

Киран Бир Сети ги учи децата да преземат одговорност

1,520,572 views

Readability: 3.7


Киран Бир Сети покажува како нејзиното револуционерно училиште Риверсајд во Индија ги учи децата на најважната животна лекција: Јас можам. Погледнете како нејзините ученици ги земаат локалните проблеми во свои раце, ги водат другите млади луѓе, па дури ги едуцираат и нивните родители.

Ден Бутнер: Како да живеете повеќе од 100 години

TEDxTC

Ден Бутнер: Како да живеете повеќе од 100 години

3,533,115 views

Readability: 3.9


За да го пронајде патот до долг живот и здравје, Ден Бутнер и неговиот тим ги истражуваат "Сините зони" во светот, заедници чии старци со енергичност доживуваат рекордна возраст. На TEDxTC, тој ги споделува деветте заеднички животни навики со кои пргаво ја поминуваат стоттата година.

ВС Рамахандран: Невроните што ја обликуваа цивилизацијата

TEDIndia 2009

ВС Рамахандран: Невроните што ја обликуваа цивилизацијата

2,050,897 views

Readability: 4.5


Неврологот Вилајнар Рамахандран ги објаснува фасцинантните функции на огледалните неврони. Откриени неодамна, овие неврони ни овозможуваат да учиме комплексни социјални односи, а некои од нив ги формираа основите на човечката цивилизација како што ја знаеме денес.

Алексис Оханинан: Како да се биде ѕвезда на социјалните медиуми

TEDIndia 2009

Алексис Оханинан: Како да се биде ѕвезда на социјалните медиуми

2,189,922 views

Readability: 3.7


Во смешни, кратки и експлозивни 4 минути, Алексис Оханиан од Reddit ја раскажува вистинската приказна за тоа како еден кит станал славен на интернет. Лекцијата за госпoдинот Сплеши Пентс (Mister Splashy Pants) е класика за правeњето мемеа и за маркетингот во ерата на Фејсбук.

Стефана Бродбент: Како Интернетот овозможува интимност

TEDGlobal 2009

Стефана Бродбент: Како Интернетот овозможува интимност

1,277,672 views

Readability: 4.1


Ние се грижиме дека чет програмите, смс-ите и Фејсбук ја расипуваат човечката интимност, но истражувањето на Стефана Бродбент покажува колку технологиите за комуникација помагаат за пренесување на љубовта преку бариери како големо растојание и строги правила на работните места.

Имам Фаисал Абдул Рауф: Изгуби го егото, пронајди го сочувството

TEDSalon 2009 Compassion

Имам Фаисал Абдул Рауф: Изгуби го егото, пронајди го сочувството

492,532 views

Readability: 4.7


Имам Фаисал Абдул Рауф ги комбинира предавањата од Куранот, приказните на Руми и примерите од Мухамед и Исус, за да докаже дека постои само една пречка помеѓу секој од нас и апсолутното сочувство - самите ние.

Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна

TEDGlobal 2009

Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна

16,771,798 views

Readability: 4.1


Животите и културите ни се создадени од повеќе испреплетени приказни. Писателката Чимаманда Адичи ни ја раскажува приказната како си го пронашла автентичниот културолошки глас -- и предупредува дека ако чуеме само една страна од приказната за еден човек или земја, ризикуваме да настане големо недоразбирање. Текстот го преведоа студентите од четврта година од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во декември 2010 г.

Керолин Стил: Како храната ги обликува нашите градови

TEDGlobal 2009

Керолин Стил: Како храната ги обликува нашите градови

1,078,155 views

Readability: 3.4


Во град со големина на Лондон, секојдневно се сервираат 30 милиони оброци. Но, од каде доаѓа сета таа храна? Архитектот Керолин Стил зборува за магијата потребна за секојдневното снабдување со храна на еден град и ни покажува како древните патишта на храната го обликувале модерниот свет.

Стефан Сагмајстер: Моќта на одморот

TEDGlobal 2009

Стефан Сагмајстер: Моќта на одморот

3,167,880 views

Readability: 3.7


Секои седум години, дизајнерот Стефан Сагмајстер го затвора своето студио во Њу Јорк за да направи пауза од една година (сабатикал) за да ја подмлади и освежи креативноста. Тој ги објаснува подзаборавените вредности на одморот и ги прикажува иновативните проекти инспирирани од неговиот престој во Бали.