TED Talks with Macedonian transcript

 Матијè Рикард за навиките кои носат среќа

TED2004

Матијè Рикард за навиките кои носат среќа
8,462,976 views

Што е среќата, и како сите ние да дојдеме барем малку до нејзе? Биохемичарот кој се преобрати во Будистички свештеник Matthieu Ricard (Матијè Рикард) вели дека можеме да го вежбаме нашиот ум на навиките за добросостојба, и да создадеме вистинско чувство на смиреност и исполнетост.

Елени Габре - Мадин за Етиопијската економија

TEDGlobal 2007

Елени Габре - Мадин за Етиопијската економија
670,416 views

Економистката Елени Габре-Мадин ја опишува својата амбициозна визија за формирање на првата берза на стоки во Етиопија. Нејзиниот план би креирал богатство за Етиопија, би го минимизирал ризикот за земјоделците и би ја претворил земјата која сега е најголем примател на помош во храна, во земја која ќе стане регионален извозник на храна.

Керолин Порко нè носи на Сатурн

TED2007

Керолин Порко нè носи на Сатурн
2,881,093 views

Планетарниот научник Керолин Порко покажува фотографии од патувањето на Касини до Сатурн, фокусирајќи се на неговата најголема месечина, Титан, и замрзнатиот Енцелад, кој како да исфрла млазеви од мраз.

Стивен Пинкер за јазикот и мислата

TEDGlobal 2005

Стивен Пинкер за јазикот и мислата
2,243,795 views

Во ексклузивно интервју за промоција на новата книга „Како мислиме“, Стивен Пинкер го разгледува начинот на кој јазикот го изразува она што го мислиме и како со зборовите што ги избираме кажуваме многу повеќе од она што сме го наумиле.

Стивен Пинкер за митот за насилството

TED2007

Стивен Пинкер за митот за насилството
2,629,645 views

Стивен Пинкер го анализира опаѓањето на насилството од библиско време до денешницата и тврди дека, иако навидум нелогично или дури опсцено заради Ирак и Дарфур, ние живееме во најмирниот период во историјата на постоењето на нашиот вид.

Алисон Хант добива (нов) колк

TED2007

Алисон Хант добива (нов) колк
615,449 views

Кога Алисон Хант открила дека ѝ е потребен нов колк, а и дека Канадскиот национален систем за здравствена заштита бара од неа да помине скоро 2 години на листата на чекање (и со болки), ги зела работите во свои раце.

Ривс за четири наутро.

TED2007

Ривс за четири наутро.
3,893,864 views

Поетот Ривис раскажува лирично оригами, виткајќи ја историјата во серија случајни настани кои се однесуваат на тој најчуден час, четири наутро.

Џеф Хокинс: Како науката за мозокот ќе ја промени технологијата на компјутерите

TED2003

Џеф Хокинс: Како науката за мозокот ќе ја промени технологијата на компјутерите
1,513,142 views

Џеф Хокинс, создавачот на Трео, нѐ поттикнува да гледаме на мозокот на еден поинаков начин-да го гледаме, не како брз процесор туку како мемориски систем кој ги зачувува и повторно ги прегледува искуствата кои овозможуваат на интелигентен начин да предвидуваме што ќе се случува понатаму.

Стјуарт Бранд за градови дивоградби

TED2006

Стјуарт Бранд за градови дивоградби
1,033,200 views

Руралните села низ целиот свет се напуштаат, како сто милијарди луѓе се сјатуваат во градовите за да живеат во дивоградби и гета. Стјуарт Бранд вели дека тоа е добра работа. Зошто? Ќе ви требаат 3 минути да дознаете.

Вилијам МекДоноу за дизајнот „од колевка во колевка“

TED2005

Вилијам МекДоноу за дизајнот „од колевка во колевка“
1,638,368 views

Еколошки-ориентираниот архитект и дизајнер Вилијам МекДоноу прашува како би изгледале нашите згради и производи ако дизајнерите ги земат во предвид да бидат „за сите деца, за сите видови, за сите времиња.“

Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата

TED2004

Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата
16,762,425 views

Ден Гилберт, автор на книгата Сопнати од Среќата, ја оспорува идејата која вели дека би биле несреќни доколку не го добиеме она што го сакаме. Нашиот "психолошки имун систем" ни овозможува да бидеме навистина среќни дури и кога работите не се одвиваат онака како што сме планирале.

Бери Шварц за парадоксот на избор

TEDGlobal 2005

Бери Шварц за парадоксот на избор
12,333,371 views

Психологот Бери Шварц го анализира централното начело на западните општества: слободата на избор. Проценка на Шварц, е дека изборот не нѐ прави послободни туку позаробени - и наместо посреќни, не прави понезадоволни.

Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите статистики што сте ги виделе

TED2006

Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите статистики што сте ги виделе
13,272,374 views

Никогаш не сте виделе податоци презентирани на ваков начин. Драматично, налик на спортски водител, мајсторот за статистика Ханс Рослинг ги разбива митовите за таканаречените „земји во развој“.

Ал Секел вели дека нашите мозоци се погрешно поврзани

TED2004

Ал Секел вели дека нашите мозоци се погрешно поврзани
2,323,638 views

Ал Секел, научник, когнитивен невролог, ги истражува перцептуалните илузии кои ги збунуваат нашите мозоци. Многуте визуелни трикови му помагаат да докаже не само дека е лесно да се излажеме, туку дека тоа на некој начин и ни годи.

Алекс Стефен гледа одржлива иднина

TEDGlobal 2005

Алекс Стефен гледа одржлива иднина
1,628,857 views

Основачот на Worldchanging.com, Алекс Стефен дискутира дека намалувањето на човековото загадување на природата е неопходно токму сега, кога западниот потрошувачки животен стил се шири во земјите во развој.

8-те тајни за успех на Ричард Ст.Џон

TED2005

8-те тајни за успех на Ричард Ст.Џон
13,005,720 views

Зошто луѓето успеваат? Дали затоа што се умни? Или затоа што имаат среќа? Ниту едното ниту другото. Аналитичарот Ричард Ст.Џон сублимира години од интервјуа во 3-минутно слајд шоу за вистинските тајни на успехот, кое не смеете да го пропуштите.

Ник Бостром за нашите најголеми проблеми

TEDGlobal 2005

Ник Бостром за нашите најголеми проблеми
874,115 views

Ник Бостром, философ и трансхуманист од Оксфорд, ја разгледува иднината на човештвото и прашува дали можеме да ја смениме фундаменталната природа на човештвото за да ги решиме нашите најсуштински проблеми.

Малком Гладвел зборува за сосот за шпагети

TED2004

Малком Гладвел зборува за сосот за шпагети
7,754,289 views

Авторот на книгата „Точка на пресврт“, Малком Гладвел, навлегува во потрагата на прехрамбената индустрија по совршениот сос за шпагети и од тоа изведува аргумент за природата на изборот и среќата.

Дин Орниш за светската убиствена диета

TED2006

Дин Орниш за светската убиствена диета
2,545,585 views

Престанете да мафтате со тупаници за СИДА-та, ракот или птичјиот грип. Кардио-васкуларните болести убиваат повеќе луѓе од сите овие болести заедно -- а сепак можат да се спречат. Др. Дин Орниш објаснува како менувањето на нашите навики на исхрана ќе спаси животи.

Барт Рутан ја разгледува иднината на вселената

TED2006

Барт Рутан ја разгледува иднината на вселената
2,279,561 views

Во својот инспирирачки говор, легендарниот дизајнер на вселенски летала Барт Рутан, ја прекорува владината вселенска програма бидејќи стагнира и ги повикува претприемачите да продолжат онаму каде NASA има застанато.

Ал Гор за спречувањето на климатската криза

TED2006

Ал Гор за спречувањето на климатската криза
3,347,222 views

Со истиот хумор и со хуманоста со која зрачеше во "Непријатна Вистина", Ал Гор детално опишува 15 начини на кои поединците можат веднаш да влијаат врз климатските промени - од купување хибридни возила до изумување на ново, модерно "бренд" име за глобалното затоплување.