TED Talks with Macedonian transcript

Џена МекКарти: Што не знаете за бракот

TEDxAmericanRiviera

Џена МекКарти: Што не знаете за бракот
5,073,511 views

Во овој забавен, неформален говор од TEDx, писателката Џена МекКарти споделува едно изненадувачко истражување за тоа како браковите (особено оние среќните бракови) навистина функционираат. Една забелешка: Немојте да се обидувате да го освоите Оскарот за најдобра актерка.

Дру Дадли: Секојдневно лидерство

TEDxToronto 2010

Дру Дадли: Секојдневно лидерство
4,039,931 views

Сите ние имаме променето нечиј живот -- вообичаено без и да сме свесни за тоа. Во ова смешно излагање, Дру Дадли нè повикува сите нас да го славиме лидерството како секојдневен чин за подобрување на нашите животи. (Снимено на TEDxToronto.)

Шон Акор: Среќната тајна за подобро работење

TEDxBloomington

Шон Акор: Среќната тајна за подобро работење
19,225,544 views

Веруваме дека треба да работиме за да бидеме среќни, но можно ли е обратното да е поточно? Во овој брз и забавен говор од ТЕДхБлумингтон, психологот Шон Акор дискутира за тоа како среќата инспирира продуктивност.

Брајан Голдман: Лекарите прават грешки. Можеме ли да прозбориме за тоа?

TEDxToronto 2010

Брајан Голдман: Лекарите прават грешки. Можеме ли да прозбориме за тоа?
1,466,397 views

Секој лекар прави грешки. Но, Брајан Голдман вели дека медицинската култура на порекнување (и срам) ги спречува лекарите да зборуваат за тие грешки или да ги применат за учење и за подобрување. Кажувајќи случки од неговата долга практика, тој ги повикува лекарите да започнат да зборуваат за своите грешки.

Алан де Ботон: Атеизам 2.0

TEDGlobal 2011

Алан де Ботон: Атеизам 2.0
2,468,397 views

Кои аспекти од религијата атеистите треба (со почит) да ги усвојат? Алан де Ботон предлага „религија за атеисти“ - наречете ја „Атеизам 2.0“, која вклучува религиозни облици и традиции со цел задоволување на човековата потреба за поврзување, обреди и трансценденција.

Педи Ешдаун: Глобално поместување на моќта

TEDxBrussels

Педи Ешдаун: Глобално поместување на моќта
1,045,685 views

Педи Ешдаун тврди дека живееме во момент од историјата во кој што моќта се менува на начин како никогаш порано. Во фасцинантниот говор на TEDxBrussels тој ги изложува трите најголеми глобални поместувања кои според него ни претстојат во иднина.

Антонио Дамасио: Стремеж кон разбирање на свесноста

TED2011

Антонио Дамасио: Стремеж кон разбирање на свесноста
1,941,649 views

Секое утро се будиме и повторно си ја враќаме свесноста -- тоа е неверојатен факт -- но што всушност ни се враќа? Неврологот Антонио Дамасио го користи ова едноставно прашање за да ни покаже како нашите мозоци го создаваат нашето себе-доживување.

Хомаро Канту + Бен Роше: Готвењето како алхемија

TED2011

Хомаро Канту + Бен Роше: Готвењето како алхемија
894,283 views

Хомаро Канту и Бен Роше доаѓаат од Мото, ресторан во Чикаго кој применува нови начини на готвење и јадење на храната. Но, покрај забавата и играњето со вкусовите, постои и сериозна намера: Дали можеме да ја користиме новата технологија за храна засекогаш?

Стефон Харис: Не постојат грешки на бината

TEDSalon NY2011

Стефон Харис: Не постојат грешки на бината
704,069 views

Што претставува грешката? Демонстрирајќи низ примери со неговиот импровизациски Џез квартет, Стефон Харис ни осветлува една длабока вистина: многу од однесувањата ги восприемаме како грешки, само поради тоа што не реагираме соодветно кон истите.

Ени Марфи Пол: Што учиме пред да се родиме

TEDGlobal 2011

Ени Марфи Пол: Што учиме пред да се родиме
2,281,591 views

Изненаден тест: Кога започнува учењето? Одговор: Пред да се родиме. Научната писателка Ени Марфи Пол зборува за новите истражувања кои покажуваат колку многу учиме во утробата - од ритамот на нашиот мајчин јазик, па сè до храната која ќе ни биде омилена во иднина.

Дејмон Хоровиц: Филозофија во затвор

TED2011

Дејмон Хоровиц: Филозофија во затвор
1,310,951 views

Дејмон Хоровиц предава филозофија преку затворски Универзитетски Проект, држи факултативни часови на затворениците во државниот затвор во Сен Квентин. Во овој краток, но моќен говор, тој раскажува една случка за правилното и погрешното кога тие стануваат премногу лични.

Џо Сабиа: Технологијата на раскажувањето

Full Spectrum Auditions

Џо Сабиа: Технологијата на раскажувањето
1,246,029 views

„iPad“ раскажувачот Џо Сабиа ни го претставува Лотар Мегендорфер, пронаоѓач кој, во изминатиот век создаде важна технологија на раскажувањето: релјефната книга. Сабиа покажува како новата технологија секогаш ни помага да ги раскажеме нашите сопствени приказни, од пештерските ѕидови па сè до „iPad“-от кој го држи во раката додека е на сцена.

Ален Џонс: Мапа на мозокот

TEDGlobal 2011

Ален Џонс: Мапа на мозокот
1,147,402 views

Како да разбереме на кој начин фунционира мозокот? Исто како што го разбираме градот: преку правење на мапа: Во овој визуелно запрепастувачки говор, Ален Џонс покажува како неговиот тим врши означување на активните гени одделно во секоја мала мозочна област, и воедно како сето тоа е поврзано.

Даниел Волперт: Вистинската причина за постоењето на мозокот

TEDGlobal 2011

Даниел Волперт: Вистинската причина за постоењето на мозокот
1,859,741 views

Неврологот Даниел Волперт тргнува од една изненадувачка премиса: мозокот еволуирал, не за да мисли или за да чувствува, туку за да ги контролира движењата. Во овој забавен и богат со податоци говор тој ни дава поглед кон тоа како мозокот ја создава елегантноста и агилноста на човечкото движење.

Пол Зак: Доверба, морал -- и окситоцин

TEDGlobal 2011

Пол Зак: Доверба, морал -- и окситоцин
1,634,218 views

Што стои позади нашата желба да се однесуваме морално? Невроекономистот Пол Зак ја демонстрира причината зошто тој верува дека окситоцинот (тој го нарекува "моралната молекула") е одговорна за довербата, емпатијата и другите чувства кои што помагаат во изградбата на едно стабилно општество.

Малколм Гладвел: Чудната приказна за Норден наведувачот на бомби

TEDGlobal 2011

Малколм Гладвел: Чудната приказна за Норден наведувачот на бомби
1,625,148 views

Одличниот раскажувач Малколм Гладвел ја раскажува приказната за Норден наведувачот на бомби, напредна технологија од Втората светска војна што довела до навистина неочекуван резултат.

Ричард Вилкинсон: Како економската нееднаквост е штетна за општествата

TEDGlobal 2011

Ричард Вилкинсон: Како економската нееднаквост е штетна за општествата
2,853,971 views

Инстинктивно чувствуваме дека нешто не е во ред во општествата со огромни разлики во приходите. Ричард Вилкинсон графички ги претставува поразителните податоци за економската нееднаквост и покажува што е тоа што се влошува кога разликата меѓу богатите и сиромашните е преголема: вистински ефекти врз здравјето, должината на животниот век, дури и врз така основни вредности како довербата.

Греам Хил: Помалку нешта, повеќе среќа

TED2011

Греам Хил: Помалку нешта, повеќе среќа
4,515,352 views

Писателот и дизајнер Греам Хил прашува: Дали поседувањето на помалку нешта, во помал простор, води кон поголема среќа? Тој го објаснува случајот со зафаќањето помалку простор и поставува три правила за менување на вашиот живот.

Абрахам Вергес: Докторска рака

TEDGlobal 2011

Абрахам Вергес: Докторска рака
1,574,701 views

Модерната медицина се наоѓа во опасност да ја изгуби моќната, старомодна алатка: човечки допир. Докторот и писател Абрахам Вергес го опишува нашиот чуден нов свет каде што пациентите се само база податоци, и повикува да се вратиме кон традиционалниот човек на човек физички преглед.

Што научивме од 5 милиони книги

TEDxBoston 2011

Што научивме од 5 милиони книги
1,910,476 views

Дали некогаш си имате играно со „Ngram Viewer“ на Гугл? Тоа е алатка од која станувате зависни и која ви овозможува да пребарувате зборови и идеи во база на податоци од пет милиони книги. Ерез Либерман Ејден и Жан-Батист Мишел ни покажуваат како функционира оваа алатка и ни демонстрираат неколку од изненадувачките работи кои можеме да ги научиме од 500 милијарди зборови.

Џоан Халифакс: Сочувство и вистинското значење на емпатијата

TEDWomen 2010

Џоан Халифакс: Сочувство и вистинското значење на емпатијата
1,669,648 views

Џоан Халифакс, будистички духовен водач, работи со луѓе кои се во последната фаза на животот (во болници и затвори). Соочувајќи се со смртта и гледајќи како умираат луѓето таа научила многу за сочувството. Овие поуки ги споделува со нас и истовремено длабоко проникнува во природата на емпатија.

Џулиа Бака: Обрнете внимание на ненасилството

TEDGlobal 2011

Џулиа Бака: Обрнете внимание на ненасилството
796,924 views

Во 2003 година, палестинското село Будрус организираше 10 месечен мировен протест за сопирање на градењето на бариера преку нивните насади со маслинови дрва. Дали слушнавте за ова? Така и си мислев. Бразилската режисерка Јулиа Бака прашува зошто во израелско-палестинскиот конфликт обрнуваме внимание само на насилството, а не и на мировните лидери кои еден ден можат да донесат мир.

Филип Зимбардо: Изчезнувањето на мажите?

TED2011

Филип Зимбардо: Изчезнувањето на мажите?
2,321,084 views

Психологот Филип Зимбардо прашува: "Зошто момчињата се мачат?" Тој споделува некои статистики (ниски оценки на училиште, поголеми грижи за интимноста и односите) и сугерира неколку причини - и Ве замолува за помош. Погледнете го неговиот говор, потоа пополнете ј неговата кратка анкета со 10 прашања: http://on.ted.com/PZSurvey

Ив Енслер: Одненадеж, моето тело.

TEDWomen 2010

Ив Енслер: Одненадеж, моето тело.
1,415,871 views

Животот на Ив Енслер, поетеса, писателка и активистка, се одвивал во нејзината глава. Во ова силно обраќање на TEDWomen, таа зборува за нејзината целовечна одвоеност од сопственото тело и за начинот на кој два шокантни настани ѝ помогнале да се поврзе со реалноста, со физичкиот дел на бидувањето човек.

Марк Пејџел: Како јазикот го промени човештвото

TEDGlobal 2011

Марк Пејџел: Како јазикот го промени човештвото
1,575,839 views

Биологот Марк Пејџел дава интересна теорија која говори за причините поради кои кај луѓето се развил јазикот. Тој сугерира дека јазикот претставува "социјална технологија" која што им овозможила пристап на првите човечки племиња до нова моќна алатка: соработката.

Џулијан Трежер: Пет техники како да слушате подобро

TEDGlobal 2011

Џулијан Трежер: Пет техники како да слушате подобро
6,996,837 views

Во нашиот сè побучен и побучен свет, како што вели експертот за звук Џулијан Трежер, "Го губиме нашето слушање." Во овој краток и фасцинантен говор, Трежер, споделува пет техники како да го истренирате вашиот слух за свесно слушање на другите луѓе и на светот околу вас.

Пол Блум: Потеклото на задоволството

TEDGlobal 2011

Пол Блум: Потеклото на задоволството
2,041,082 views

Зошто повеќе сакаме оригинална слика отколку копија? Психологот Пол Блум вели дека луѓето се есенцијалисти -- дека нашите верувања за историјата на одреден предмет влијаат врз тоа како го доживуваме истиот, не само како илузија, туку како длабока карактеристика на задоволството (и болката).

Мет Катс: пробајте нешто ново за 30 дена

TED2011

Мет Катс: пробајте нешто ново за 30 дена
10,790,301 views

Дали постои нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но... не сте го направиле? Мет Катс предлага: Пробајте го тоа во следните 30 денови. Овој краток и охрабрувачки говор нуди нов начин за поставување и постигнување цели.

ЏејДи Шрам: Прекинете ја штамата за преживеаните од самоубиство

TEDActive 2011

ЏејДи Шрам: Прекинете ја штамата за преживеаните од самоубиство
1,782,291 views

Дури и кога нашите животи изгледаат убаво однадвор, одвнатре може да постои свет на тивко страдање, што некои луѓе ги тера да се самоубијат. На TEDYou, ЏејДи Шрам нè замолува да ја прекинеме штамата за самоубиствата и за обидите за самоубиство, и да ги создадеме потребните ресурси за да им помогнеме на луѓето кои се обидуваат да се вратат во живот откако ја избегнале смртта.