TED Talks with Macedonian transcript

Мајкл Дикинсон: Како лета мувата

TEDxCaltech

Мајкл Дикинсон: Како лета мувата
1,722,129 views

Способноста на инсектите да летаат е можеби едно од најголемите достигнувања на еволуцијата. Мајкл Дикинсон зборува за тоа како една обична мува, со толку нежни крилја, може да лета, пред сè благодарение на интелигентното замавнување и на мускулите за летање кои истовремено се, и моќни и брзи. Но тајната состојка е неверојатниот мозок на мувата. (Снимено во TEDxCaltech.)

Естер Перел: Како да ја одржите еротската желба во долготрајните врски

TEDSalon NY2013

Естер Перел: Како да ја одржите еротската желба во долготрајните врски
14,037,657 views

Во долготрајните врски, честопати очекуваме нашите сакани да ни бидат и најдобри пријатели, но и еротски партнери. Но како што Естер Перел тврди, добриот и посветен секс се базира на две конфликтни потреби: нашата потреба за сигурност и нашата потреба за изненадување. Тогаш како да ја одржите еротската желба? Со хумор и елоквенција, Перел ни ја открива мистеријата на еротската интелигенција.

Цезар Куријама: Една секунда секој ден

TED2012

Цезар Куријама: Една секунда секој ден
1,880,580 views

Постојат толку многу малечки, убави, смешни, трагични моменти во вашиот живот - како ќе ги запомните сите нив? Режисерот Цезар Куријама снима една секунда секој ден како дел од неговиот тековен проект каде ги собира особените делови од неговиот живот.

Ли Кронин: Испринтајте си го лекот

TEDGlobal 2012

Ли Кронин: Испринтајте си го лекот
1,031,320 views

Хемичарот Ли Кронин работи на создавањето на 3D принтер кој, наместо предмети, може да принта молекули. Ова е возбудлива и потенцијално долготрајна апликација: принтање на сопствените лекови преку користење на хемиски бои.

Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?

TEDxRainier

Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?
5,047,640 views

Лезли Морган Штајнер доживеала "луда љубов" -- односно, била лудо вљубена во човек кој постојано ја злоставувал и се заканувал дека ќе ја убие. Штајнер зборува за темната страна од нејзината врска, притоа истакнувајќи ги погрешните сфаќања што повеќето луѓе ги имаат во однос на жртвите на домашно насилство, и воедно објаснува како да помогнеме да се стави крај на молкот.

Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!

TEDxSeoul

Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!
1,993,361 views

Зошто воопшто престануваме да си играме и да создаваме? Со шарм и хумор, познатиот корејски автор Јонг-ха Ким се повикува на светските уметници со цел да ве охрабри да го ослободите детето во вас -- уметникот кој сака да си игра засекогаш. (Снимено на TEDx Сеул).

Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста

TEDxBeaconStreet

Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста
4,985,376 views

Кога тригодишниот син на Колин Стоукс го здогледал „Војна на ѕвездите,“ тој веднаш станал опседнат од филмот. Но, какви пораки, всушност, добил од научно-фантастичниот класик? Стоукс бара да има повеќе филмови кои праќаат позитивни пораки до момчињата: дека соработката е херојска и дека почитувањето на жените е онолку мажествено колку и поразувањето на негативецот. (Снимено на TEDxBeaconStreet.)

Камерон Расел: Изгледот не е сѐ. Верувајте ми, јас сум модел.

TEDxMidAtlantic

Камерон Расел: Изгледот не е сѐ. Верувајте ми, јас сум модел.
26,549,861 views

Камерон Расел признава дека победила на „генетската лотарија“: таа е висока, убава и модел за долна облека. Но, не судете ја според нејзиниот изглед. Во овој бестрашен говор, таа на ироничен начин ја претставува индустријата која ја направи да изгледа премногу заводливо на одвај 16 годишна возраст. (Снимено на TEDxMidAtlantic)

Џонатан Хајдт: Како заедничките закани може да направат  заедничка (политичка) основа

TEDSalon NY2012

Џонатан Хајдт: Како заедничките закани може да направат заедничка (политичка) основа
645,646 views

Ако астероид од кон Земјата, ќе се здружиме и ќе бараме начин како да го спречиме, како во филмовите нели? А сепак, кога сме соочени со проблеми кои се големи, поддржани со податоци, и кои носат одлика на крај-на-светот во вистинскиот живот, често се повлекуваме во партиско викање и пат. Џонатан Хајдт ни покажува неколку од навистина вистинските астероиди што одат кон нас -- некои од нив се цели миленичиња на левицата, некои на десницата -- и предлага како двете крила може да работат заедно продуктивно во корист на целото човештво.

Паоло Кардини: Заборавете на мултитаскингот, пробајте монотаскинг

TEDGlobal 2012

Паоло Кардини: Заборавете на мултитаскингот, пробајте монотаскинг
2,537,271 views

Луѓето повеќе не се посветени само на готвење - туку истовремено готват, пишуваат пораки, зборуваат на телефон, гледаат YouTube и ставаат слики на интернет од јадењето што го зготвиле. Дизајнерот Паоло Кардини ја доведува во прашање ефикасноста на нашиот мултитаскерски свет и се залага за - вдишете длабоко - „монотаскинг“. Неговите шармантни маски за сматфони испечатени со 3Д принтер би можеле да ни се најдат.

Мунир Вирани: Зошто ги сакам мршојадците

TED@Nairobi

Мунир Вирани: Зошто ги сакам мршојадците
1,014,642 views

Како хигиеничари на природата, мршојадците се од големо значење за нашиот екосистем -- тогаш зошто имаат толку лош публицитет? Зошто многу од нив се загрозени од истребување? Биологот за птици предатори, Мунир Вирани, вели дека треба да се насочи поголемо внимание кон овие уникатни и погрешно сфатени суштества, да ја смениме нашата перцепција и да ги спасиме мршојадците.

Мет Килингсворт: Сакате да бидете посреќни? Останете во сегашниот момент.

TEDxCambridge

Мет Килингсворт: Сакате да бидете посреќни? Останете во сегашниот момент.
3,058,116 views

Кога се луѓето најсреќни? За да одговори на ова прашање, Мет Килингсворт создаде аликација, Track Your Happiness (Следете ја Вашата Среќа), која ги следи чувствата на луѓето во реално време. Помеѓу изненадувачките резултати: Најсреќни сме тогаш кога сме присутни во сегашниот момент. И обратно: Колку повеќе лутаме со мислите, толку помалку сме среќни. (Снимено на TEDxКембриџ)

Феит Џеџд: Што научив од моите аутистични браќа

TED@London

Феит Џеџд: Што научив од моите аутистични браќа
1,266,878 views

Феит Џеџд ја раскажува трогателната и интересна приказна за тоа како растела со нејзините двајца браќа, и двајцата аутистични -- и двајцата неверојатни. Во овој говор од TED Потрага по Таленти, таа нè поттикнува да трагаме по живот кој е надвор од она што се смета за нормално.

Дејвид Пизаро: Чудниот однос помеѓу одвратноста и политиката

TEDxEast

Дејвид Пизаро: Чудниот однос помеѓу одвратноста и политиката
738,019 views

Каква врска има одвратната слика со начинот на кој гласате? Поткрепен со анкети и експерименти, психологот Дејвид Пизаро ни ја демонстрира поврзаноста помеѓу осетливоста на одвратни работи -- фотографија со измет, непријатен мирис -- и моралниот и политички конзервативизам. (Снимено на TEDxEast.)

Руби Вакс: Што е толку смешно кај менталните болести?

TEDGlobal 2012

Руби Вакс: Што е толку смешно кај менталните болести?
2,681,245 views

Доколку ви е болно телото ќе добиете сочувство, вели комедијантката Руби Вакс -- но не и ако мозокот ви е болен. Зошто е тоа така? Со неверојатна енергија и хумор, Вакс, на која пред една декада ѝ дијагностицирале клиничка депресија, нè повикува да ставиме крај на стигмата за менталните болести.

Ејми Кади: Говорот на вашето тело влијае врз вашата личност

TEDGlobal 2012

Ејми Кади: Говорот на вашето тело влијае врз вашата личност
51,986,988 views

Говорот на телото влијае врз тоа како другите нè доживуваат, но исто така може да го промени начинот на кој ние самите себе се доживуваме. Социјалниот психолог Ејми Кади покажува како "моќното позирање" -- завземање на став кој зрачи со самодоверба, дури и кога не се чувствуваме самоуверени -- може да влијае врз нивоата на тестостерон и кортизол во самиот мозок, и дури може да има влијание врз нашите шанси за успех.

Џулиан Трежр: Зошто архитектите треба да ги користат своите уши

TEDGlobal 2012

Џулиан Трежр: Зошто архитектите треба да ги користат своите уши
1,295,017 views

Поради лошата акустика, учениците во училниците пропуштаат 50% од она што им го предаваат наставниците, а пациентите во болниците имаат проблеми со спиењето бидејки постојано се под стрес. Џулијан Трежр ги повикува дизајнерите да обрнат внимание на "невидливата архитектура" на звукот.

Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки

TEDxUSC

Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки
1,218,822 views

Скот Фрејзер го проучува начинот на кој луѓето се присеќаваат на злосторствата -- и како истите тие сеќавања ги користат како сведоштва. Во овој моќен говор, кој се фокусира на едно убиство кое се случило за време на зајдисонце, тој вели дека дури и сведоците кои се наоѓаат во непосредна близина на злосторството, можат да создадат "сеќавања" кои не е можно да ги виделе. Зошто? Бидејќи на мозокот му се гади кога ќе слушне за празнина.

Викрам Пател: Ментално здравје за сите преку вклучување на сите

TEDGlobal 2012

Викрам Пател: Ментално здравје за сите преку вклучување на сите
1,051,081 views

Близу 450 милиони луѓе се засегнати од ментални болести на светско ниво. Во богатите земји, само половина од нив ја добиваат соодветната нега, но кај земјите во развој, речиси 90 проценти поминуваат без третман поради големиот недостаток на психијатри. Викрам Пател изложува еден многу ветувачки пристап -- обучување на самите членови на заедниците, обуки кои ќе им овозможат да применуваат интервенции за ментално здравје, на тој начин давајќи им моќ на обичните луѓе да се грижат за нивните блиски.

Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати

TED2012

Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати
16,738,527 views

Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)

Силија Елворти: Борба со помош на ненасилство

TEDxExeter

Силија Елворти: Борба со помош на ненасилство
1,212,765 views

Како да се справите со силеџија, без притоа да се претворите во насилник? Во овој мудар и длабоко емотивен говор, мировниот активист, Силија Елворти, ги наведува вештините кои ни се потребни -- како нации и поединци -- за да се бориме против екстремното насилство без да возвратиме со сила. За да одговори на прашањето зошто и како функционира ненасилството, таа се навраќа на историски херои -- Аун Сан Су Чи, Махатма Ганди, Нелсон Мендела -- и личните филозофии кои им дале моќ на нивните мирни протести. (Снимано во TEDxExeter.)

Лиза Кристин: Фотографии кои сведочат за современото ропство

TEDxMaui

Лиза Кристин: Фотографии кои сведочат за современото ропство
2,778,358 views

Во текот на изминативе две години, фотографот Лиза Кристин патуваше низ светот, истовремено документирајќи ја неподносливата и тешка реалност наречена современо ропство. Таа со нас споделува вознемирувачки, но сепак прекрасни фотографии - рудари во Конго, редачи на тули во Непал - расветлувајќи ја судбината на 27 милиони души, коишто се поробени насекаде низ светот. (Снимено на TEDx Maui)

Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието

TEDGlobal 2012

Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието
2,515,689 views

Дафни Колер работи во насока да ги убеди врвните универзитети како тие би ги објавиле нивните најинтересни наставни предмети онлајн бесплатно - не само како услуга, туку како начин на истражување за тоа како луѓето ги усвојуваат знаењата и вештините. Секое чукање на копче, квиз за разбирање, врснички форум за дискусии и само-оценување на задачите, сите тие градат невидена база на податоци во однос на тоа како знаењето се обработува во умот и што е најважно, како се апсорбира.

Алана Шаик (Alanna Shaikh): Како се подготвувам да добијам Алцхајмерова болест

TEDGlobal 2012

Алана Шаик (Alanna Shaikh): Како се подготвувам да добијам Алцхајмерова болест
1,548,240 views

Кога сме соочени со родител кој има Алцхајмерова болест, повеќето од нас реагираат со негирање ("нема мене да ми се случи") или со екстремни напори за превенција. Но, експертот за глобално здравство и TED-ов соработник Алана Шаик, го гледа тоа поинаку. Таа превзема три конкретни чекори за да се подготви за тој момент -- доколку дојде до тоа-- кога таа ќе добие Алцхајмерова болест.

Елин Сакс: Приказна за ментална болест --  гледано одвнатре

TEDGlobal 2012

Елин Сакс: Приказна за ментална болест -- гледано одвнатре
3,785,731 views

„Ќе биде ли во ред ако ви ја направам лом канцеларијата?“ Ова е прашањето кое Елин Сакс еднаш му го поставила на својот доктор, а тоа не било шега. Правник, во 2007 Сакс излезе со нејзината приказна за шизофренија, болест контролирана со лекови и терапија, но сепак постојано присутна. Во овој моќен говор, таа од нас бара кон луѓето со ментална болест да гледаме јасно, чесно и сочувствително.

Ривс: Одново осмислување на енциклопедиската игра

TEDxSummit

Ривс: Одново осмислување на енциклопедиската игра
756,593 views

Поттикнат од фактот што енциклопедијата Британика стави крај на своите печатени изданија, поетот Ривс ја оживува играта од своето детство. Говорејќи на TEDxSummit средбата во Доха, Ривс не води на една шармантна турнеја низ случајни (и помалку случајни) делови од човечкото знаење: од Чимборазо, најоддалечената точка од центарот на Земјата, до Хем астро-шимпанзото, првото шимпанзо во вселената.

Ами Клин: Нов начин за дијагностицирање на аутизмот

TEDxPeachtree

Ами Клин: Нов начин за дијагностицирање на аутизмот
645,628 views

Раната дијагноза на растројствата од аутистичкиот спектар може да го подобри животот на сите кои се засегнати, меѓутоа сложената мрежа на причинители во голема мера го отежнуваат предвидувањето на овие растројства. На TEDxPeachtree, Ами Клин опишува една нова метода за рано детектирање. Оваа метода користи софистицирана технологија која го следи движењето на очите, и на тој начин го мери нивото на друштвена вклученост и воедно нивото на друштвени вештини. На овој начин се овозможува релијабилно мерење на ризикот од аутизам. (Снимeно на TEDxPeachTree.)

Џон Хоџман: Дизајнот, објаснет.

TED2012

Џон Хоџман: Дизајнот, објаснет.
1,181,130 views

Џон Хоџман, комичар и локален експерт, го „објаснува“ дизајнот на три иконски модерни предмети. (Од сесијата Студио за Дизајн на TED2012 поддржана од Чи Перлман и Дејвид Роквел.)

Вилијам Ноел: Откривање на Архимедовиот изгубен кодекс

TEDxSummit

Вилијам Ноел: Откривање на Архимедовиот изгубен кодекс
1,006,111 views

Како ќе прочитате 2000 години стар ракопис кој бил избришан, исечен, над кој одново и одново било пишувано и сликано? Со помош на моќниот забрзувач (акцелератор) на честички, се разбира! Кураторот на антички книги, Вилијам Ноел, ја раскажува фасцинантната приказна која стои позади Архимедовиот палимпест, византиски молитвеник кој содржи претходно непознати оригинални ракописи од античкиoт грчки математичар Архимед и од други.