TED Talks with Macedonian transcript

Дејвид Стајндл-Раст: Сакате да бидете среќни? Бидете благодарни

TEDGlobal 2013

Дејвид Стајндл-Раст: Сакате да бидете среќни? Бидете благодарни
6,947,132 views

Нам луѓето ни е заедничко тоа што сите сакаме да бидеме среќни, вели Братот Дејвид Стајндл-Раст, монах и стручњак за меѓуверски прашања. А среќата, вели тој, се раѓа од благодарноста. Ова е инспиративна лекција која вели дека треба да застанеме, да го преиспитаме нашиот животен пат, и над сè, да бидеме благодарни.

Сузана Херкулано-Хоузел: Зошто е толку специјален човечкиот мозок?

TEDGlobal 2013

Сузана Херкулано-Хоузел: Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
2,823,357 views

Човечкиот мозок е загадочен -- невообичаено голем имајќи ја во предвид големината на нашите тела, користи огромна количина на енергија за неговата тежина и има невообичаено густ церебрален кортекс. Но: зошто? Невронаучникот Сузана Херкулано-Хоузел ја става нејзината детективска капа и нѐ води низ оваа мистерија. Правејќи "супа од мозок," таа доаѓа до еден запрепастувачки заклучок.

Питер Дулитл: Како вашата "работна меморија" го осмислува светот

TEDGlobal 2013

Питер Дулитл: Како вашата "работна меморија" го осмислува светот
2,250,948 views

"Животот тече со огромна брзина, и тоа бесформно течение ние, на некој начин, треба да го осмислиме." Во овој забавен и поучен говор, образовниот психолог Питер Дулитл зборува за важноста -- и ограничувањата -- на вашата "работна меморија," оној дел од мозокот кој ни овозможува да разбереме што се случува во моментов.

Холи Морис: Зошто би останале во Чернобил? - Затоа што е дом.

TEDGlobal 2013

Холи Морис: Зошто би останале во Чернобил? - Затоа што е дом.
1,135,089 views

Чернобил е местото на најзлокобната нуклеарна несреќа, кое во последните 27 години стана познато како Зона на Исклучување. Сепак, таму живее заедница од околу 200 луѓе - речиси сите од нив се постари жени. Овие горди бабички им се спротивставиле на наредбите и одбиле да се отселат затоа што нивната поврзаност со татковината и заедницата претставува „сила која ѝ пркоси дури и на радијацијата“.

Џан Џудиче: Зошто нашиот универзум можеби лебди над острицата на ножот

TEDxCERN

Џан Џудиче: Зошто нашиот универзум можеби лебди над острицата на ножот
1,959,306 views

Кое е најголемото изненадување во врска со откритието на Хигсовиот бозон? Тоа дека нема изненадување. Џан Џудиче нè води низ еден проблем од теоретската физика: што ако Хигсовото поле се наоѓа во ултра-густа состојба кое пак би можело да значи колапс на сета атомска материја? Со духовитост и шарм, Џудиче предвидува мрачна судбина -- и кажува зошто сè уште е прерано за загриженост. (Снимено на TEDxCERN.)

Кели Свази: Живот кој не завршува со смрт

TEDMED 2013

Кели Свази: Живот кој не завршува со смрт
1,663,926 views

Во Тана Тораја, социјалните настани кои го сплотуваат општеството не се свадбите и раѓањата . Во овој дел од Индонезија, големите, бучни погреби се во центарот на социјалниот живот. Антропологот Кели Свази ја изучува оваа култура, во која луѓето се грижат за телата на мртвите роднини, дури и со години после нивната смрт. И додека ова е необично за Западните вкусови, таа вели, ова всушност можеби е и поверодостојна рефлексија на фактот дека врските со саканите не прекинуваат туку така, во моментот кога ќе прекине дишењето. (Снимено на TEDMED.)

Кевин Брил: Исповед на еден депресивен комичар

TEDxKids@Ambleside

Кевин Брил: Исповед на еден депресивен комичар
4,289,053 views

Кевин Брил не изгледал како депресивно дете: капитен на тим, на секоја забава, забавен и самоуверен. Но тој ја раскажува приказната за ноќта кога сфатил дека -- за да си го спаси животот -- ќе мора да каже четири едноставни зборови.

Џејмс Флин: Зошто нашиот коефициент на интелигенција (IQ) е поголем од оној на нашите баби и дедовци

TED2013

Џејмс Флин: Зошто нашиот коефициент на интелигенција (IQ) е поголем од оној на нашите баби и дедовци
3,900,069 views

Се нарекува "ефектот на Флин" -- фактот дека секоја генерација постигнува повисоки резултати на тестовите за интелигенција во споредба со претходната генерација. Дали всушност стануваме попаметни или пак само размислуваме поинаку? Во ова брзо патешествие низ когнитивната историја на 20от век, моралниот филозоф Џејмс Флин сугерира дека промените во начинот на кој размислуваме довеле до изненадувачки (и не секогаш позитивни) последици.

Стјуарт Фајерштајн: Потрага по незнаењето

TED2013

Стјуарт Фајерштајн: Потрага по незнаењето
1,980,266 views

Како изгледа вистинската научна работа? Како невронаучник Стјуарт Фајерштајн се шегува: многу помалку наликува на научниот метод, а многу повеќе наликува на "прдење наоколу ... во темнината.'' Во овој духовит говор, Фајерштајн допира до срцето на науката, до она како навистина се практикува и сугерира дека треба да го цениме она што не го знаеме -- или "високо-квалитетното незнаење'' -- исто толку колку што го цениме она што го знаеме.

Елизабет Лофтус: Фиктивноста на меморијата

TEDGlobal 2013

Елизабет Лофтус: Фиктивноста на меморијата
4,304,863 views

Психологот Елизабет Лофтус ги проучува сеќавањата. Поточно, ги проучува лажните сеќавања, кога луѓето се сеќаваат или на работи кои не се случиле или пак кога сеќавањето го искривува вистинскиот настан. Овој феномен е многу позастапен одошто претпоставувате. Лофтус споделува неколку потресни приказни и статистички податоци, и поставува неколку етички прашања кои треба сите ние да ги земеме во предвид.

Бенџамин Барбер: Зошто градоначалниците треба да владеат со светот

TEDGlobal 2013

Бенџамин Барбер: Зошто градоначалниците треба да владеат со светот
784,391 views

Честопати се чини дека политичарите на федерално ниво повеќе сакаат да создаваат застои отколку да ги решаваат светските проблеми. Тогаш кој всушност ги влече храбрите потези? Градоначалниците. Со оглед на тоа, политичкиот теоретичар Бенџамин Барбер предлага: Ајде да им дадеме повеќе контрола врз глобалната политика. Барбер покажува како овие „урбани маалци“ ги решаваат критичните проблеми кои се јавуваат на нивната територија -- и можеби во светот.

Ерик Берлоу и Шон Горли: Мапирање на идеите кои се вредни за споделување

TED2013

Ерик Берлоу и Шон Горли: Мапирање на идеите кои се вредни за споделување
1,115,278 views

Како изгледаат 24,000 идеи? Екологот Ерик Берлоу и физичарот Шон Горли применуваат алгоритми врз целата архива составена од TEDx Говори и нè носат на едно неверојатно визуелно патување за да ни покажат како се поврзуваат идеите на глобално ниво.

Аполо Робинс: Одвлекување на вниманието како уметност

TEDGlobal 2013

Аполо Робинс: Одвлекување на вниманието како уметност
19,939,438 views

Го сметаат за најголем џебџија на светот, Аполо Робинс ги проучува чудните аспекти на човековото однесување, додека ви го краде часовникот. Робинс ја тестира публиката на TEDGlobal 2013, демонстрирајќи како недостатоците на нашата перцепција овозможуваат да украдете паричник и да го ставите на рамото на сопственикот кој и понатаму нема поим што се случува.

Кели МекГонигал: Како да го направите стресот ваш пријател

TEDGlobal 2013

Кели МекГонигал: Како да го направите стресот ваш пријател
19,481,551 views

Стрес. Од него ви лупа срцето, ви забрзува дишењето и ви се поти челото. Стресот го сметаме за непријател на здравјето на луѓето, но сепак едно ново истражување сугерира дека стресот ќе биде лош за вас само доколку верувате во тоа. Психологот Кели МекГонигал нè поттикнува позитивно да гледаме на стресот и ни претставува еден неопеан механизам за намалување на стресот: поврзаноста со другите луѓе.

Расел Фостер: Зошто спиеме?

TEDGlobal 2013

Расел Фостер: Зошто спиеме?
7,506,887 views

Расел Фостер е невронаучник кој го изучува циркадијалниот ритам. Тој ги проучува фазите на спиење во мозокот. И прашува: Што знаеме за спиењето? За нешто на што трошиме една третина од нашите животи, излегува дека многу малку знаеме. Во овој говор, Фостер споделува три популарни теории во однос на тоа зошто спиеме, побива некои митови за тоа колку треба да спиеме на различна возраст -- и наговестува дека спиењето може да се користи дури и за предвидување на менталното здравје.

Тања Луна: Како едно пени ме натера да се чувствувам како милионерка

TED@New York

Тања Луна: Како едно пени ме натера да се чувствувам како милионерка
1,751,896 views

Како малечка, Тања Луна го напуштила нејзиниот дом во пост - Чернобилска Украина, за да добие азил во САД. Еден ден, на подот на њујоршкото прибежиште за бездомници, каде таа и нејзиното семејство живееле, пронашла пени. Никогаш повторно не се почуствувала толку богато. Медитација на слатко-горчливите задоволства од детството - и како да ги зачувате во себе.

Кен Робинсон: Како да го спасиме образованието од „Долината на смртта“

TED Talks Education

Кен Робинсон: Како да го спасиме образованието од „Долината на смртта“
8,287,339 views

Сер Кен Робинсон истакнува три главни принципи потребни за човековиот ум да цути, а и како моменталната образовна култура работи против истите. Низ забавен и предизвикувачки говор, нѐ повикува да излеземе од „Долината на смртта“ во која образованието се наоѓа сега и како да ги оснажуваме најмладите генерации со клима на различни можности.

Андре Лозано: Паркинсонова болест, депресија и прекинувачот кој може да ги исклучи

TEDxCaltech

Андре Лозано: Паркинсонова болест, депресија и прекинувачот кој може да ги исклучи
1,426,867 views

Длабоко-мозочната стимулација станува сè попрецизна. Оваа техника им овозможува на хирурзите да постават електроди речиси секаде во мозокот, и да ги појачуваат или намалуваат -- како потенциометар или термостат -- со цел коригирање на дисфункцијата. Ова е драматичен приказ кој говори за овие брзо растечки техники. Прикажана е жена со Паркинсон која моментално престанува да се тресе и воедно прикажано е како оживуваат мозочните области погодени од Алцхајмер. (Снимено на TEDxCaltech.)

Лаура Снајдер: Филозофскиот Клуб за Појадоци

TEDGlobal 2012

Лаура Снајдер: Филозофскиот Клуб за Појадоци
1,269,329 views

Во 1812, во Универзитетот Кембриџ се сретнале четворица мажи за појадок. Она што започнало како страствен оброк набргу прераснало во нова научна револуција, во која овие мажи -- кои себеси се нарекувале "природни филозофи" пред да го сковаат називот "научници" -- вовеле четири принципи во рамки на научното истражување. Историчарот и филозоф Лаура Снајдер ни ја раскажува нивната интригантна приказна.

Фриман Храбовски: 4 столба за постигнување на универзитетски успех во науките

TED2013

Фриман Храбовски: 4 столба за постигнување на универзитетски успех во науките
1,002,002 views

На 12 годишна возраст, Фриман Храбовски протестирал со Мартин Лутер Кинг. Денес, тој е претседател на Универзитетот во Мериленд, Округ Балтимор (УМБО), каде работи на тоа да создаде услови кои ќе им помогнат на недоволно застапените студенти - особено Афро-американците, Латино и студентите со скромни примања - да се здобијат со дипломи од научните и математичките области. Тука ги споделува четирите столба кои се користат во УМБО.

Ден Ариели: Што придонесува да си ја сакаме работата?

TEDxRiodelaPlata

Ден Ариели: Што придонесува да си ја сакаме работата?
6,147,434 views

Што нè мотивира да работиме? Спротивно на општо прифатеното, не станува збор само за парите. Но не е ни радоста баш. Се чини дека повеќето од нас вирееме тогаш кога постигнуваме постојан напредок и кога чувствуваме дека имаме некаква цел. Бихевиоралниот економист Ден Ариели ни "ги отвара очите" со два експерименти коишто зборуваат за нашите неочекувани и суптилни ставови во однос на смислата на нашиот труд.

Кис Муликер: Како мртвата патка ми го промени животот

TED2013

Кис Муликер: Како мртвата патка ми го промени животот
1,385,004 views

Едно утро, Кис Муликер добил прилика за истражување која малкумина орнитолози би ја посакале: Летачка патка се забила во стаклото на зградата во која се наоѓала неговата канцеларија, починала, а потоа ... наредното што се случило ќе го промени неговиот живот. [Внимание: Содржи вознемирувачки слики и описи на сексуално однесување кај животните.]

Ричард Турере: Мојот изум кој доведе до примирје со лавовите

TED2013

Ричард Турере: Мојот изум кој доведе до примирје со лавовите
2,316,707 views

Во заедницата Масаи каде што живее 13 годишниот Ричард Турере, најважен е добитокот. Но нападите од лавови станувале сè почести. Во овој краток, инспиративен говор, младиот иноватор ни го претставува соларното решение кое тој го дизајнирал со цел безбедно да ги избрка лавовите.

Елон Маск: Умот кој стои зад Тесла, СпејсХ, Солар Сити...

TED2013

Елон Маск: Умот кој стои зад Тесла, СпејсХ, Солар Сити...
5,673,195 views

Елон Маск е претприемач и човек кои има многу планови. Оснивач на ПејПал, Тесла Мотори и СпејсХ, тој гостува на ТЕД и зборува со Крис Андерсон. Елон Маск споделува детаљи за неговите визионерски проекти како што се: електричниот автомобил наменет за широкиот пазар, компанијата за изнајмување соларна енергија и ракетатата за повеќекратна употреба.

Хјонсео Ли: Моето бегство од Северна Кореја

TED2013

Хјонсео Ли: Моето бегство од Северна Кореја
11,592,189 views

Како дете додека растела во Северна Кореја, Хјонсео Ли мислела дека нејзината земја е "најдобрата на светот." Таа не се сомневала во ваквата претпоставка сè до гладот кој се појавил во 90-тите. На 14 години таа избегала од земјата, и започнала таен живот, како бегалец во Кина. Ова е стравична, лична приказна која говори за преживувањето и надежта -- и воедно претставува еден моќен потсетник за сите оние кои се соочени со постојана опасност, дури и кога границата е многу далеку.

Боно: Добрите вести во врска со сиромаштијата (Да, има добри вести)

TED2013

Боно: Добрите вести во врска со сиромаштијата (Да, има добри вести)
1,821,206 views

Луѓето се бореле против општествената нееднаквост и сиромаштија цели 3,000 години. Но, ваквата борба станува сè по жестока. Боно "допира до својата внатрешна бубалица" и ни споделува инспиративни податоци кои покажуваат дека крајот на екстремната сиромаштија е близу... само ако успееме да го одржиме моменталниот интензитет.

 Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени

TED2013

Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени
5,559,170 views

"Дезертификација е фенси збор кој опишува пасиште кое се претвора во пустина", го започнува Ален Сејвори својот моќен говор. И застрашувачки, ова се случува на две третини од светските пасишта, забрзувајки ја климатската промена и предизвикувајки хаос во традиционалните општества кои зависат од тие пасишта. Сејвори го посветил својот живот на напорот да го сопре овој процес - и неговата работа до сега покажува дека постои еден изненадувачки фактор кој може да ги заштити пасиштата и дури да ги поврати во живот опустошените предели.

Аманда Палмер: Уметноста на прашувањето

TED2013

Аманда Палмер: Уметноста на прашувањето
9,727,839 views

Не ги терајте луѓето да плаќаат за музика, дозволете им, тоа го вели Аманда Палмер. Во страствен говор кој почнува со нејзините рани почетоци како уличен изведувач (пуштете долар во шеширот за џиновската Невеста!), таа ја образложува врската помеѓу артистот и фановите.

Бруно Мезониè: Танцувајте, мали роботчиња!

TEDxConcorde

Бруно Мезониè: Танцувајте, мали роботчиња!
1,257,194 views

Има едно место во Франција кадешто роботите танцуваат. Тоа место се вика TEDxConcorde, каде Бруно Мезониè од Алдебаран Роботикс ни претставува една сценска кореографија, пришто групата составена од мали хуманоидни Нао роботи, изведува еден изненадувачки емотивен перформанс.