TED Talks with Macedonian transcript

Мајкл Кимел: Зошто родовата еднаквост е добра работа за сите-вклучително и за мажите.

TEDWomen 2015

Мајкл Кимел: Зошто родовата еднаквост е добра работа за сите-вклучително и за мажите.
1,859,341 views

Да, сите знаеме дека тоа е исправно. Но, Мајк Кимел, на практичен и забавен начин зборува за еднаквост на улогите на мажите и жените во домот и на работните места. За него тоа не е игра во која само еден победува туку игра во која двете страни се победници и која на сите им дава повеќе можности и поголема среќа.

ел Сид: Улична уметност со порака за надеж и мир

TED2015

ел Сид: Улична уметност со порака за надеж и мир
1,533,610 views

Роден во Франција во тунижанско семејство, ел Сид ужива да плива во различни култури, јазици и идентитети. Не е исклучок и неговата уметност, која вклучува арапска поезија во стил кој е инспириран од уличната уметност и графити. Во овој тивок, но страствен говор, уметникот и TED Пријател ја опишува неговата главна амбиција: да создаде уметност која е толку убава што нема потреба од превод.

Ној Трапај: Трговијата со бело робје е насекаде околу вас. Еве како функционира

TED2015

Ној Трапај: Трговијата со бело робје е насекаде околу вас. Еве како функционира
1,911,795 views

Позади секојдневните евтини работи што ни причинуваат задоволство - маникирот од 10 долари, неограничените ракчиња - е скриен светот на присилната работа која прави овие цени да бидат навистина ниски. Ној Трапај ја истражува трговијата со бело робје -- која цвета во САД и Европа, како и во земјите во развој -- и ни ги покажува човечките лица кои се дел од експлоатираната работна сила која ги храни консументите од целиот свет.

Јасмин Абдел-Магиед: Што значи мојата шамија за вас?

TEDxSouthBank

Јасмин Абдел-Магиед: Што значи мојата шамија за вас?
2,118,403 views

Несвесните убедувања се движечка сила во една култура кои преовладуваат и делуваат врз луѓето и нивните претстави во врска со потеклото и влијанијата. Овие неизречени предрасуди се однесуваат на многу нешта и време е да станеме поразумни, помудри и подобри. Во овој забавен и искрен говор, Јасмин Абдел-Магиед употребува еден необичен начин да не` предизвика сите нас да гледаме над нашите првични согледувања.

Естер Перел: Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел

TED2015

Естер Перел: Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел
12,698,237 views

Неверството претставува највисок облик на предавство. Но, дали мора така да биде? Терапевтот за врски, Естер Перел, истражува зошто луѓето изневеруваат, и открива зошто аферите се толку трауматични: затоа што ѝ се закануваат на нашата емоционална сигурност. Во неверството - таа забележува нешто неочекувано - израз на чезнеење и загуба. Говор кој мора да го погледне секој кој некогаш изневерил, или го изневериле, или пак, кој едноставно сака да го освежи својот поглед за тоа како да ги разбере врските.

Елисон Килинг: Постои подобар начин за умирање и архитектурата може да помогне

TEDGlobal 2014

Елисон Килинг: Постои подобар начин за умирање и архитектурата може да помогне
1,287,578 views

Во овој кус, провокативен говор, архитектот Елисон Килинг се осврнува на зградите во кои се случува смртта и умирањето-гробишта, болници, домови. Начинот на умирање се менува како и начинот на кој градиме за оние кои умираат..односно, можеби и тој треба да се промени. Неочекувано фасцинантен осврт на еден скриен аспект на градовите и нашите животи.

Итан Неделман: Зошто треба да ја запреме војната против дрогата

TEDGlobal 2014

Итан Неделман: Зошто треба да ја запреме војната против дрогата
1,844,078 views

Дали војната против дрогата носи повеќе штета откоку корист? Во својот храбар говор, Итан Неделман, реформатор на законот за дрога, страствено апелира да го завршиме ова „заостанато, безмилосно и унуштувачко“ движење и да ја искорениме трговијата со дрога. Тој ни дава две значајни причини зошто треба да се фокусираме на интелигентно решение на овој проблем.

Алеандро Аравена: Мојата архитектонска филозофија? Вклучете ја заедницата во процесот

TEDGlobal 2014

Алеандро Аравена: Мојата архитектонска филозофија? Вклучете ја заедницата во процесот
1,886,922 views

Кога пред десет години, ја доби задачата да изгради сто семејни живеалишта во Чиле, Алеандро Араваена се сврти кон една необична инспирација: мудроста на фавевилите и сиромашните квартови. Наместо да изгради огромна зграда со мали станови, тој изгради флексибилни, полу-живеалишта кои семејствата можеа да ги прошируваат. Проблемот беше сложен, но имаше едноставно решение кое дојде како резултат на заедничката работа со семејствата. Со помош на табла и чудесни фотографии, Аравена нѐ запознава со трите проекти кои на мудар начин создадоа прекрасен дизајн.

Хозе Мигел Соколоф: Како божиќните светилки им помогнаа на герилците да го положат оружјето

TEDGlobal 2014

Хозе Мигел Соколоф: Како божиќните светилки им помогнаа на герилците да го положат оружјето
799,010 views

Колубија е земја со исклучителна убавина и ветувања, но исто така и земја каде што герилското движење F.A.R.C. поттикнува насилство веќе 50 години. „Во мојот животен век, немам доживеано еден ден мир во мојата земја.“, вели Хозе Мигел Соколоф. Овој маркетинг-извршител, заедно со својот тим открил можност како да повлијае на герилските срца и умови со божиќни дрвца и лични пораки, стретегиски поставени низ џунглата. Ова е осврт на креативните пораки кои наведоа илјадници герилци да ја напуштат војната, и на кључните размислувања кои стојат зад овие изненадувачки тактики

Шаи Решеф: Ултра-ниско-буџетна факултетска диплома

TED2014

Шаи Решеф: Ултра-ниско-буџетна факултетска диплома
6,105,060 views

На онлајн Универзитетот на Луѓето, секој со завршено средно образование може да се здобие со диплома за бизнис администрација или компјутерски науки — без стандардните трошоци за школарина (иако за испититие не се бесплатни). Основачот Шаи Решеф се надева дека високото образование се менува "од тоа да е привилегија за неколку, во основно право достапно за сите."

Ен Керзан: Што го прави зборот вистински

TEDxUofM

Ен Керзан: Што го прави зборот вистински
1,805,163 views

Можеме да расправаме за тоа дали жаргоните ‘hangry,’ ‘defriend’ и ‘adorkable’ пополнуваат значајни празнини во англискиот јазик иако не се појавуваат во речник. Навистина, кој всушност одлучува кои зборови ќе се стават на овие грижливо чувани страници? Ен Керзан, историчар на јазик, на симпатичен начин се осврнува на луѓето кои стојат зад речниците и на промените кои постојано се случуваат.

Вил Потер: Шокантниот потег да се криминализира ненасилниот протест

TED2014

Вил Потер: Шокантниот потег да се криминализира ненасилниот протест
1,111,271 views

Во 2002, истражувачкиот новинар и соработник на TED, Вил Потер одлучи да го промени својот работен ритам, пишувајќи за пукања и убиства за „Чикаго Трибјун“. Отиде да помогне на локална група која водеше кампања против тестирањето врз животни: „Мислев дека тоа е правилен начин за да направам нешто позитивно,“ вели тој. Наместо тоа, тој беше уапсен, и така започна неговото патешествие во светот, во кој мирниот протест е етикеtиран како тероризам.

Дан Гилберт: Психологијата на твоето идно јас

TED2014

Дан Гилберт: Психологијата на твоето идно јас
3,871,747 views

„Човечките суштества се работа во прогрес кои што погрешно мислат дека се завршени.“ Дан Гилберт споделува неодамнешно истражување за феноменот наречен „илузија за крај на историјата“, каде што ние на одреден начин замислуваме дека личноста која сме сега, е личноста која ќе бидеме во остатокот на животот. Помош: тоа не е случај.

Сајмон Сајнек: Зошто добрите лидери прават да се чувствуваш безбедно

TED2014

Сајмон Сајнек: Зошто добрите лидери прават да се чувствуваш безбедно
9,618,749 views

Што е она што го прави добриот лидер? Менаџментскиот теоретичар Сајмон Сајнек предлага, тоа е некој што прави нивните вработени да се чувствуваат сигурно, кој ги привлекува вработените во круг на доверба. Но, создавањето доверба и сигурност — поготово во нееднаква економија — значи преземање голема одговорност.

Зиаудин Јусафзаи: Мојата ќерка, Малала

TED2014

Зиаудин Јусафзаи: Мојата ќерка, Малала
2,417,688 views

Пакистанскиот педагог Зиаудин Јусафзаи го потсетува светот на едноставната вистина која многумина не сакаат да ја слушнат: жените и мажите заслужуваат еднакви можности за образование, автономија и независен идентитет. Тој раскажува приказни од својот живот и од животот на својата ќерка, Малала, која беше застрелана од страна на Талибанците во 2012 едноставно затоа што се осмели да оди на училиште. „Зошто мојата ќерка е толку силна?“, прашува Јусафзаи. „Затоа што не ѝ ги потсеков крилјата.“

Кристофер Рајан: Дали сме дизајнирани да бидеме сексуални сештојади?

TED2013

Кристофер Рајан: Дали сме дизајнирани да бидеме сексуални сештојади?
2,132,831 views

Една идеја го обликува нашиот модерен начин на гледање на врските: дека мажите и жените отсекогаш се одвојуваат како пар во сексуалните врски. Но пред појавата на земјоделството, можно е луѓето да биле доста промискуитетни. Авторот Кристофер Рајан нѐ води низ контроверзните докази дека луѓето се секусални сештојади по природа, со надеж дека едно посовремено сфаќање може да придонесе за крај на дискриминацијата, срамот и нереалните очекувања кои ги убиваат врските.

Пол Пиф: Дали парите ве прават злобни?

TEDxMarin

Пол Пиф: Дали парите ве прават злобни?
3,454,031 views

Неверојатно е што може да открие една наместена игра на "Монопол." Во овој забавен, но отрезнувачки говор, социјалниот психолог Пол Пиф го споделува своето истражување за тоа како се однесуваат луѓето кога се чувствуваат богати. (Сугестија: лошо.) И додека нееднаквоста е сложен и обесхрабрувачки проблем, сепак има и добри вести. (Снимено на TEDxMarin.)

Ендрју Соломон: Депресија, тајната која ја делиме

TEDxMet

Ендрју Соломон: Депресија, тајната која ја делиме
9,059,848 views

"Спротивноста на депресијата не е среќата, туку виталноста, и токму виталноста се одлеваше од мене во тој момент." Во говор кој е еднакво елоквентен и поразителен, писателот Ендрју Соломон ве води во најмрачните делови на неговиот ум, во годините кога се борел со депресија. Борба која го поттикнала да замине на просветлувачко патување низ светот за да интервјуира други луѓе со депресија -- само за да открие дека колку повеќе зборувал, толку повеќе луѓето му ги кажувале своите приказни. (Снимено на TEDxMet.)

Стивен Кејв: Четирите приказни кои си ги кажуваме за смртта

TEDxBratislava

Стивен Кејв: Четирите приказни кои си ги кажуваме за смртта
2,400,148 views

Филозофот Стивен Кејв започнува со едно мрачно, но неодоливо прашање: Кога за првпат сте сфатиле дека ќе умрете? И уште поинтересно: Зошто ние луѓето толку често се спротивставуваме на неизбежноста на смртта? Во овој фасцинантен говор Кејв прикажува четири наративи -- заеднички за сите цивилизации -- кои си ги кажуваме самите на себе "за да го пребродиме ужасот од смртта."

Дејвид Ленг: Мојот подводен робот

TED2013

Дејвид Ленг: Мојот подводен робот
1,297,818 views

Дејвид Ленг е креатор кој сам без ничија помош станал аматерски океанограф -- или попрецизно научил еден робот како да биде. Во овој шармантен говор Ленг, TED Пријател, покажува како тој со една група, љубители на океанот, се здружиле за да изградат слободно-достапни и ефтини подводни роботи-истражувачи.

Дејвид Стајндл-Раст: Сакате да бидете среќни? Бидете благодарни

TEDGlobal 2013

Дејвид Стајндл-Раст: Сакате да бидете среќни? Бидете благодарни
6,880,393 views

Нам луѓето ни е заедничко тоа што сите сакаме да бидеме среќни, вели Братот Дејвид Стајндл-Раст, монах и стручњак за меѓуверски прашања. А среќата, вели тој, се раѓа од благодарноста. Ова е инспиративна лекција која вели дека треба да застанеме, да го преиспитаме нашиот животен пат, и над сè, да бидеме благодарни.

Сузана Херкулано-Хоузел: Зошто е толку специјален човечкиот мозок?

TEDGlobal 2013

Сузана Херкулано-Хоузел: Зошто е толку специјален човечкиот мозок?
2,796,767 views

Човечкиот мозок е загадочен -- невообичаено голем имајќи ја во предвид големината на нашите тела, користи огромна количина на енергија за неговата тежина и има невообичаено густ церебрален кортекс. Но: зошто? Невронаучникот Сузана Херкулано-Хоузел ја става нејзината детективска капа и нѐ води низ оваа мистерија. Правејќи "супа од мозок," таа доаѓа до еден запрепастувачки заклучок.

Питер Дулитл: Како вашата "работна меморија" го осмислува светот

TEDGlobal 2013

Питер Дулитл: Како вашата "работна меморија" го осмислува светот
2,236,495 views

"Животот тече со огромна брзина, и тоа бесформно течение ние, на некој начин, треба да го осмислиме." Во овој забавен и поучен говор, образовниот психолог Питер Дулитл зборува за важноста -- и ограничувањата -- на вашата "работна меморија," оној дел од мозокот кој ни овозможува да разбереме што се случува во моментов.

Холи Морис: Зошто би останале во Чернобил? - Затоа што е дом.

TEDGlobal 2013

Холи Морис: Зошто би останале во Чернобил? - Затоа што е дом.
1,133,526 views

Чернобил е местото на најзлокобната нуклеарна несреќа, кое во последните 27 години стана познато како Зона на Исклучување. Сепак, таму живее заедница од околу 200 луѓе - речиси сите од нив се постари жени. Овие горди бабички им се спротивставиле на наредбите и одбиле да се отселат затоа што нивната поврзаност со татковината и заедницата претставува „сила која ѝ пркоси дури и на радијацијата“.

Џан Џудиче: Зошто нашиот универзум можеби лебди над острицата на ножот

TEDxCERN

Џан Џудиче: Зошто нашиот универзум можеби лебди над острицата на ножот
1,936,773 views

Кое е најголемото изненадување во врска со откритието на Хигсовиот бозон? Тоа дека нема изненадување. Џан Џудиче нè води низ еден проблем од теоретската физика: што ако Хигсовото поле се наоѓа во ултра-густа состојба кое пак би можело да значи колапс на сета атомска материја? Со духовитост и шарм, Џудиче предвидува мрачна судбина -- и кажува зошто сè уште е прерано за загриженост. (Снимено на TEDxCERN.)

Кели Свази: Живот кој не завршува со смрт

TEDMED 2013

Кели Свази: Живот кој не завршува со смрт
1,653,927 views

Во Тана Тораја, социјалните настани кои го сплотуваат општеството не се свадбите и раѓањата . Во овој дел од Индонезија, големите, бучни погреби се во центарот на социјалниот живот. Антропологот Кели Свази ја изучува оваа култура, во која луѓето се грижат за телата на мртвите роднини, дури и со години после нивната смрт. И додека ова е необично за Западните вкусови, таа вели, ова всушност можеби е и поверодостојна рефлексија на фактот дека врските со саканите не прекинуваат туку така, во моментот кога ќе прекине дишењето. (Снимено на TEDMED.)

Кевин Брил: Исповед на еден депресивен комичар

TEDxKids@Ambleside

Кевин Брил: Исповед на еден депресивен комичар
4,216,434 views

Кевин Брил не изгледал како депресивно дете: капитен на тим, на секоја забава, забавен и самоуверен. Но тој ја раскажува приказната за ноќта кога сфатил дека -- за да си го спаси животот -- ќе мора да каже четири едноставни зборови.

Џејмс Флин: Зошто нашиот коефициент на интелигенција (IQ) е поголем од оној на нашите баби и дедовци

TED2013

Џејмс Флин: Зошто нашиот коефициент на интелигенција (IQ) е поголем од оној на нашите баби и дедовци
3,850,309 views

Се нарекува "ефектот на Флин" -- фактот дека секоја генерација постигнува повисоки резултати на тестовите за интелигенција во споредба со претходната генерација. Дали всушност стануваме попаметни или пак само размислуваме поинаку? Во ова брзо патешествие низ когнитивната историја на 20от век, моралниот филозоф Џејмс Флин сугерира дека промените во начинот на кој размислуваме довеле до изненадувачки (и не секогаш позитивни) последици.

Стјуарт Фајерштајн: Потрага по незнаењето

TED2013

Стјуарт Фајерштајн: Потрага по незнаењето
1,971,709 views

Како изгледа вистинската научна работа? Како невронаучник Стјуарт Фајерштајн се шегува: многу помалку наликува на научниот метод, а многу повеќе наликува на "прдење наоколу ... во темнината.'' Во овој духовит говор, Фајерштајн допира до срцето на науката, до она како навистина се практикува и сугерира дека треба да го цениме она што не го знаеме -- или "високо-квалитетното незнаење'' -- исто толку колку што го цениме она што го знаеме.

Елизабет Лофтус: Фиктивноста на меморијата

TEDGlobal 2013

Елизабет Лофтус: Фиктивноста на меморијата
4,246,629 views

Психологот Елизабет Лофтус ги проучува сеќавањата. Поточно, ги проучува лажните сеќавања, кога луѓето се сеќаваат или на работи кои не се случиле или пак кога сеќавањето го искривува вистинскиот настан. Овој феномен е многу позастапен одошто претпоставувате. Лофтус споделува неколку потресни приказни и статистички податоци, и поставува неколку етички прашања кои треба сите ние да ги земеме во предвид.